Буџетот за 2025 година по капитални инвестиции ќе биде најголем до сега, уверува Јорданов

Наредната година се очекува најголем Буџет по капотални инвестии до сега во Штип. Градоначалникот, Иван Јорданов, посочи дека во периодот кој следи ќе се слушнат предлозите на граѓаните и истите ќе бидат како приоритет за наредната година. Состаноците ќе се реализираат со сите урбани заедници, а Буџетот треба да биде готов до средината на месец декември.

„2025 година очекуваме најголем Буџет до сега по однос на капитални инвестиции. Предлозите кои ќе имаме можност да добиеме од граѓаните секако дека ќе бидат едни од носечките проекти со кои ќе се креира Буџетот. Се планираат состаноци со сите урбани заедници на кои граѓаните ќе имаат можност да ги дадат своите предлози“ – вели Јорданов.

Освен носечките проекти кои ќе се предложат од граѓаните, треба да се реализираат и низа капитални проекти. Дел од нив веќе се започнати, друг дел треба да започнат и да се реализираат наредната година. Се очекува многу работи, активности на терен и инвестиции во Штип, додава Јорданов.

„Обиколницата која е најавена која ќе ги поврзува населбите Железничка, Пребег до викенд населбата Плуждино, но и ќе оовозможи побрз проток на возила за сите учесници во сообраќајот е еден од поголемите капитални проекти. Исто така доизградбата на булеварот Партизанска до анселбата 8 ноември е опфатена од почетокот на 2025 година, мега паркот долж велосипедската патека покрај река Брегалница.“ – додава Јорданов.

Врз основа на идеите, предлозите и проблемите кои ги имаат граѓаните ќе се креира програмата за уредување на државно земјиште и јавни набавки. Основниот Буџет за оваа 2024 година во Штип беше над 740 илјади денари, а вклупниот Буџет беше една милијадра 530милиони 858 илјади денари.

Лаура Стојанова М-Нет