Се одбележува светскиот ден на правото на децата, Општина Штип со низа активности преку годината со поддршка за нив

Со низа настани преку целата година Општина Штип постојано води грижа за почитувањето на правата на децата согласно конвенцијата. Бесплатен престој и грижа за децата со попреченост или самохрани родители, бесплатна градинка, отворање на хетерогени групи од две до 6 годипна возраст, обезбедување сензорни соби и друго се дел од активностите на самата општина во однос на дечињата. По повод светскиот ден на правата на децата, М-нет телевизија разговараше со советникот за родова еднаквост Вања Џамбазова Николовска, која вели дека општината се труди секоја година да ги зголемува можностите и финансиите за почитувањето на истите.

„Во однос на светскиот ден на детето Општина Штип во текот на целата година води грижа за да се почитуваат правата на детето согласно конвенцијата. Ние во текот на година реализираме низа активности, манифестации, кои што гледаме да се почитуваат прават на децата. Дел од активностите, односно мерските кои што ги превзимаме значи Општина Штип обезбедува бесплатен престој за децата со поречености, за децата со ретки болести, за децата кои што потекнуваат од самохрани родители, кои што се корисници на гарантирана минимална помош. Исто така бесплатна градинка и за дечињата од ромска националност од оваа година се вклучени некаде околу 40 дечиња, така што гледаме да се зголеми капацитетот, односно да бидат овие дечиња вклучени во предучилишно воспитување. Во населбата Три чешми во тек е отворањето на хетеро-гена група за дечиња од 2 до 6 годишна возраст.“, истакна Џамбазова Николовска

Она што додатно го истакна Џамбазова Николова е тоа што општината води грижа во сите основни училишта да креира можност за децата полесно да се вклучат во образованиот процес.

“Водиме грижа за дечињата со посебни образовни потребни, односно во сите основни училишта да креираме можности за да можат овие деца полесно да се вклучат во образовниот процес. Во сите скору основни училишта обезбедивме и сензорни соби. Во ОУ Ванчо Прќе обезбедивме гасеничарка која што за децата со инвалидска количка да се движат по скалите.”, додава Џамбазова, Николова

Инаку, светскиот ден на правотот на децата се одбележува секогаш на 20 ноември, кој има за цел да го сврти вниманието на широката јавност за сите обврски кои општеството ги има кон децата, како и најважните проблеми со кои се соочуваат децата.

Лаура Стојанова, М-Нет