Бројот на слободни кревети во Истокот поголем во споредба со хоспитализираните ковид пациенти

Бројот на слободни кревети за ковид пациентите поголем за разлика од хоспитализирани пациенти во Источниот дел од државата. Вкупно слободни кревети во штипската Клиничка болница и кочанската Општа болница се 74, а хоспитализирани во двете болници се 66 пациенти. Во Клиничка болница Штип 29 пациенти се хоспитализирани во модуларната ковид болница и 22 на Инфективното одделение. 33 пациент имаат потреба од кислородна поддршка, а слободни се 16 кревети во модуларната болница и 36 на Инфективното одделение без кислородна поддршка, истакна потпаролот на Клиничка болница Штип, Марина Шуманска. Во последните 24 часа битката со корона вирусот ја изгубило едно лице.

И во кочанската Општа болница, бројот на слодни кревети поголем во споредба со бројот на хоспитализирани лица. На болничко лекување во модуларната ковид болница се вкупно 15 пациенти, повеќето со потешка клиничка слика, 11 имаат потреба од кислородна поддршка, а слободни се 22 кревети, истакна директорот на б олницата Александар Серафимов. Нема ресгистрирано ниту едно починато лице.

Според информации од Министерството за здравство вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 154.051, бројката на оздравени пациенти е 138.370, на починати е 5.109, а бројот на активни случаи изнесува 10.572.

Лаура Стојанова М-Нет