
Донесена конечната одлука од страна на Владата на денешната седница. Прифатени предлог мерките од страна на Комисијата за заразни болести и Министерот за здравство Венко Филпче. Од утре полицискиот час ќе започнува во 24 часот и ќе трае до 4 часот наутро наредниот ден. Угостителските објекти клуч на врата ќе ставаат во 23:30 часот но за посетители може да работат само на отворените делови и тераси. Од утре со работа почнуваат и фитнес центрите, теретаните и вежбалните. По одржување на владината седница на својот фејсбук профил Филипче ги истакна новите рестрикции. Од утре сите настани може да се одржуваат согласно наменските протоколи, со исполнетост до 30% од капацитетот на затворениот капацитет. Ова олабавување на мерките е согласно намалувањето на бројот на новозаразени лица од ковид 19, намалениот притисок врз болниците и зголемената масовна имунизација на населението во нашата држава. Меѓутоа, рано е за опуштање. Сеуште на сила остануваат основните мерки и протоколи за заштита од невидливиот непријател, односно носење заштитна маска, одржување на дистанца и користење на средство за дезинфекција. Мерките кои се донесоа на денешната Владина седница се со важење до 18 мај годинава.
Лаура Стојанова М-Нет