Бронзен медал за пливачот Методи Георгиев во Бугарија

Пливачкиот спортски клуб „Челични“ од Штип викендов учествуваше на седмиот Меѓународен пливачки митинг „Пирин Куп 2024“ во Бугарија.

Во конкуренција на 540 пливачи од 33 клубови, пливачот Методи Георгиев освои брознен медал.

Во изјава за телевизија М Нет, тренерот Мирко Јакимовски рече дека шеста година по ред земаат учество, а оваа година конкунрецијата била голема. Јакимовски на М Нет ги најави и следните активности на Пливачкиот спортки клуб Челични.

Во следниот период ќе има повеќе спортски настани на кои учество ќе земат пливачите од Челични.

Александар Ванев, М-Нет