
Викендот се одиграа натпреварите од 16. коло од Втората футсал лига на Македонија. Енхалон на домашен терен беше убедлив против Конзули од Битола со 4:1, Кораб на домашен терен ремизираше против штипски Мал Ајакс играјќи 5:5 со што гостинот од Штип му откина планирани бодови на фаворитот.
ССК на домашен терен немаше сили да му парира на фаворитот Партизан Југ кој со 2:8 лесно прокнижи три бода. Балкан на домашен терен со 7:5 го доби мечот со Победа од Прилеп, Кратово со 2:3 на домашен терен беше поразен од лидерот Проект, Јувентус Серава со 6:5 тесно го доби дуелот со СЕЕ Университи, а пак Шкендија и Каршиака ремизираа во меч со 14 погодоци односно 7:7.
Во однос на табелата Проект е лидер со 42 бодови, на второто место е Јувентус Серавасо 39 бодови, на третото место е Кораб со 38 бодови и овие три екипи ќе се борат за местата кои водат во Првата футсал лига.
Александар Ванев, М-Нет