Наставник во основно училиште во Лозово на Фејсбук објавил слика со компромитирачка содржина

На 11.03.2024 во ОВР Свети Николе е примено писмено известување од директор на Основно општинско училиште во Лозово. Според пријавеното, наставник во училиштето на социјалната мрежа фејсбук имал споделено фотографија со несоодветна компромитирачка содржина. Полициски службеници постапиле по пријавата и за настанот е известен ОЈО Свети Николе.