Брера Струмица се засили со Леонардо Петровиќ

Фудбалскиот клуб Брера Струмица официјално го претстави своето најново засилување пред почетокот на пролетниот дел од првенството. Станува збор за 22-годишниот Леонардо Петровиќ, офанзивен фудбалер кој настапува на крилната позиција.

Петровиќ во Струмица пристигнува како слободен играч, откако во есенскиот дел од сезоната беше дел од хрватскиот тим Змијавци. Новото засилување на Брера зад себе има и интернационално искуство, со настапи во клубови од регионот, меѓу кои Радник Бијељина, како и двегодишен престој во Посушје во Босна и Херцеговина.

Дополнителен квалитет во неговото фудбалско досие е и фактот што Петровиќ бил младински репрезентативец на Хрватска до 17 години, што говори за неговиот потенцијал и развоен капацитет.

Од Брера Струмица изразуваат задоволство од новото засилување и веруваат дека Петровиќ ќе биде значајно име во офанзивната линија во продолжението од сезоната, со цел подобри резултати и стабилни настапи во домашното првенство.