
Брегалница преку пресврт стигна до победа над Каменица Саса со резултат од 1:2.
Првиот дел без голови, а вториот со три гола. Саса преку Мичковски прва дојде до водство, а Хаџи-Кимов погоди за 1:1.
Галевски од белата точка погоди за конечни 2:1, па “рударите” дома си одат без бодови.
Скопје со двата гола на Кировски триумфираше над Вардар Неготино со 2:1, а за гостинот погоди Зумровски.
Кожуф со 4:1 го декласираше Осогово на домашен терен во меч каде голем фаворит беше домаќинот.
Дарко Гроздановски ги постигна сите четири гола, а за “жетварите” погоди Љиварека.
Михаел Милевски со гол во 96. минута обезбеди триумф над Борец од 0:1 во Велес.

Вардарски со голем бод во Радовиш, откако одигра 1:1 со Детонит Плачковица. Радовишани не играат според посакуваното во новата сезона, лани без пораз и само еден примен гол, сега пораз, реми и пет примени погодоци.
Новото засилување Албан Таипи во 28. минута погоди за 1:0, а во 79. минута Илија Баламов стрелаше за 1:1 и молк на стадионот во Радовиш.
Симеон Христов со хет-трик обезбеди триумф за ланскиот прволигаш Македонија ЃП над Победа од 3:0.
Вечерва во 20 часот ќе се комплетира третата рунда со мечот меѓу Беласица и Охрид, кој се игра на стадионот “Благој Истатов” во Струмица.
Александар Ванев, М-Нет