
Денес беа одиграни натпреварите од 13. коло на Втората фудбалска лига, а гледачите на М Нет телевизија имаа ексклузивна можност да го проследат во живо дербито на Истокот меѓу Беласица и Брегалница кое се одигра на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица, каде штипјани беа подобри со голот на Зоран Ивановски со минимални 0:1.
Лидерот Македонија ЃП на денешниот меч против Вардар Неготино беше голем фаворит, а средбата во Ѓорче заврши со 5:0 за “лавовите”.
Христов постигна хет-трик, а по еден гол постигнаа Размоски и Марковски.
Во Гостивар се соочија фаворитот Арсими и Борец, каде Аљбин Рамадани беше стрелец за победа од 1:0, за Борец нов пораз.
На „Билјанини Извори“ силтие ги одмерија Охрид и Детонит Плачковица, во неизвесен меч каде гостите од Радовиш славеа со 1:3. Настевски беше двоен стрелец, а еден гол постигна Николовски. За домаќинот погоди Бакрачевски.
Башкими на домашен терен го пречека составот на Кожуф од Гевгелија, каде Најдовски постигна автогол (1:0).
Во Прилеп дерби од долниот дел на табелата одиграа поранешниот прволигаши Победа и Скопје, каде “пиратите” славеа со 0:2 со головите на Коцев и Кировски.
Новаци и Осогово имаа неизвесно соочување за трите бодови, кои им се важни и на двете екипи. Новаци со 5:0 ги декласираше кочанските жетвари преку погодоците на Здравевски, Трифуновски, Милевски, Јовановски и Поповски.
Каменица Саса како голем фаворит играше против Вардарски на домашен терен каде домаќинот со 5:1 го декласираше тимот од Богданци.
Смилков постигна хет-трик, а по еден гол постигнаа Бекир и Алексовски.
Александар Ванев, М-Нет