Шампионот Форца како голем фаворит патува во Кавадарци, дерби на Проект и Осогово!

ФОТО: Телевизија М Нет

Вечерва со натпреварот во Кавадарци ќе биде отворено 7. коло во Првата футсал лига на Македонија, со натпреварот меѓу Црна Река и Кеги Моби, дерби од дното на табелата каде домаќинот ќе бара втора победа и со тоа да направи скок на табелата, во однос на „фенерџијата“ од Велес кој ќе бара прв триумф во тековната сезона.

В недела Бутел ќе го пречека тимот на Јувентус Серава каде домашниот тим ќе ја бара првата радост и силно ќе атакува на освојување на целиот „плен“, додека пак Јувентус Серава ќе сака втора радост, а со тоа и да прогреси на табелата.

Дербито на колото ќе го одиграат Проект и Осового од Крива Паланка, поранешниот шампион ќе биде благ фаворит поради домашниот терен. Ова ќе биде дерби на второпласираниот домаќин и на четвртопласираниот гостин од Крива Паланка со бодовна разлика од три бодови.

Клими на домашен терен ќе има тежок меч против големиот фаворит Форца, непоразениот лидер и шампион во Кавадарци ќе атакува на седум од седум во меч каде се освен победа за Форца ќе биде изненадување. Квалитетот е голем.

Колото ќе се комплетира во понеделник со нов дерби меч на Шкупи и Железарец соочување на третиот и петтиот на табелата каде Шкупи ќе ја има улогата на фаворит за шестто сезонско славје кој сезонава сака и титула.

Александар Ванев, М-Нет