Брегалница денес игра финале во младинскиот Куп на Македонија против Брера Струмица

ФОТО: ФК Брегалница

Младинците на Брегалница денес играат финале од Купот на Македонија против Брера Струмица.

Штипските „сини“ на теренот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) во Скопје со почеток од 17 часот ќе се соочат против струмичкиот тим.

Брера Струмица до финалето стигна преку Вардар кој го доби со минимални 1:0, Брегалница пак со 5:2 го доби Шкупи.

Главен судија на натпреварот ќе биде Бењамин Ќерими од Скопје.