Прволигашкиот бараж сепак ќе се игра во Кавадарци!

ФОТО: ФК Башкими

Прволигашкиот бараж меѓу Беса и Башкими сепак ќе се игра на Градскиот стадион во Кавадарци, в недела од 17 часот.

Овој натпревар беше закажан за во недела, потоа беше премесен да се игра на стадионот во Чаир, но доаѓа нова промена, а тоа е дека баражот за Првата македонска фудбалска лига ќе се игра во Кавадарци, како што беше првично закажан.

Ваквата промена доаѓа на препорака односно барање на Министерството за внатрешни работи (МВР), а на што ФФМ прифати.

Беса ќе бара опстанок во Првата лига, додека пак екипата на Башкими ќе бара враќање во Првата лига.

Александар Ванев, М-Нет