Брегалница гостува кај Саса, дерби на Охрид и Кожуф, Осогово гостува кај „фенерџијата“ Големо Коњари

Во собата на програмата ќе бидат натпреварите од 5. коло на Втората македонска фудбалска лига, кое носи неколку интереси средби, а кои може да направат промени на табелата.

Во Ресен ќе биде интересен дуелот на двете екипи кои во претходното коло претрпеа тешки порази откако загубија со големи разлика. Преспа во Гевгелија загуби од Кожуф со 7:1, а пак Вардар Неготино дома доживеа катастрофа од 1:8 од Каменица Саса.

Двете екипи во меѓусебен дуел ќе се борат за втората сезонска победа, а притоа ќе бараат рехабилитација после големите порази во претходното коло.

Детонит Плачковица на домашен терен ќе се обиде да ја запре Шкендија Арачиново. Радовишани после минимални пораз во претходното коло ќе бараат триумф, а пак гостинот од Арачиново ќе сака продолжува на одличната серија резултати. Сигурно е дека дуелот во Радовиш ќе биде повеќе од неизвесен.

Скопје како голем фаворит на домашен терен ќе се соочи со „разнишаната“ Победа која е во многу лоша ситуација, „пиратите“ целат само кон три бодови и со тоа да продолжат да го напаѓаат врвот на табелата, а пак прилепчани свесни за тежината на мечот и со бод до некаде ќе се задоволни. Ова ќе биде дуел на два поранешни прволигаши.

Големо Коњари ќе го бара првиот позитивен резултат, првите бодови, првата сезонска победа против Осогово, а „жетварите“ брзо сакаат да го заборават домашниот пораз од Скопје со нов триумф.

Брегалница ќе гостува во Македонска Каменица во дуел каде „сините“ имаат фаворитска улога, а пак „рударите“ после големиот триумф ид 1:8 над Вардар во Неготино се осоколени и ќе сакаат бодови и со штипјани.

Новаци на домашен терен нема пораз во новата сезона и ќе сака нови три бодови пред својата публика и против Тетекс, кој пак после победата над Слога Виница која за „штофарите“ беше втора е мотив плус за позитивен резултат и против Новаци. Двете екипи ќе се борат за трето славје и три бодови со кои може да прогресираат на табелата.

Кожуф ќе биде пред сериозен испит ќе гостува кај Охрид на „Билјанини Извори“. Тимот од Гевгелија е во одлична победничка форма и истата ќе сака да ја продолжи против екипата на Охрид која има амбиции за влез во Прва лига. „Рибарите“ со поддршка од публиката и навивачите ќе атакуваат на трите бодови против расположението Кожуф, кој како лидер патува во градот покрај Охридското Езеро.

Слога Виница со два порази во низа е пред вклучување на црвениот аларм ако не се добие Беласица. Тимот од Виница нанижа два порази во Радовиш и Тетово, па сега против Беласица која е еден од фаворитите за влез во Прва лига ќе има тешка задача да се најде начин како да се стигне до трите бодови.

Струмичани се во одлична форма и ќе бараат продолжува на победничката серија и во Виница, бидејќи имаат реални шанси и да бидат осамени на врвот од табелата ако слават над Слога.

Александар Ванев, М-Нет