
Бојкот на маркетите на 31 јануари годинава. На социјалните мрежи се повикува на бојокт и на маркетите во Македонија, согласно примерот од Хрватска. Заради високите цени на основните производи за живот, кон повикот за бојкотирање на маркетите се приклучија и дел од невладините организации и здруженија на граѓани. Да не се прават залихи со намирници ден пред бојкотот, со цел истиот да има ефект стои во повиците на социјалните мрежи. На терен повозрасните анкетирани граѓани во Штип согласни дека треба да се бојкотираат маркетите, надевајќи се дека ова ќе даде резултат и цените ќе бидат намалени.
„Ногу високи цените, а пензијата мала. Треба да се бојкотират, цените се многу високи.“ – велат граѓаните.
Но, според економситите ова не е вистинска мерка за да се намалат цените на основните производи за живот. Глигор Ивановски потенцира дека само ако се зголеми понудата и производите стојат со денови не продадени може да има резултат и цените да бидат намалени. Во спортивно бојкотот од ден, два нема да има ефект.
„Бојкотот на маркетите нема да даде ефект бидејќи тоа не е економска мерка, туку политичка одлука. Трговецот ќе биде ден два, три, пет, затворен поради бојкотот, но тој профитот ќе го надомести во наредните денови. Ние не можеме да го решаваме проблемот со високите цени со бојкот туку треба да создаваме поголема понуда“ – вели Ивановски.
Според Ивановски, во Хрватска можеби бојкотот даде резултат но тоа е заради размислувањето и делувањето на граѓаните.
Лаура Стојанова М-Нет