
Тимот на МТК денес на гости го одигра натпреварот од 13 коло на Првата OTP BANK лига на Унгарија. Противник им беше исто така познатиот унгарски тим Хонвед а натпреварот заврши нерешено 2:2. Домакинот Хонвед во првото полувреме водеше со резултат од 2:0, но тогаш на сцена стапи штипјанецот Бојан Миовски кој со извонреден гол со глава ви 51 м. го намали резултатот на 2:1 и ја врати неизвесноста на натпреварот. Тоа вроди со плод и тимот на МТК со гол во 85 м. успеа да го израмни резултатот на 2:2 и тоа значеше бод за екипата на МТК. Со овој бод МТК го завзема 5 м. на табелата со 19 бодови, а прв е Ференцварош со 29 бодови. Инаку ова е шести првенствен гол на Бојан Миовски, или трети гол по ред во првенството на Унгарија. Спортската редакција на Mnet.mk му посакува уште подобра игра и повеќе голови во противничките мрежи.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk