Ангелов: Нов асфалт на улиците и нова детска градинка за жителите на населба „Железничка“ – Штип

Населба „Железничка“ во Општина Штип, повторно на дневен ред кај кандидатите за градоначалник на престојните предвремени избори закажани за 13 декември годинава. Според кандидатот Гоце Ангелов од Коалицијата „Иднината во наши раце“, главен проблем овдесе недоасфалтираните патишта, и тоа што населбата е оставена без градинка.

Ако една или две куќи се оставени без канализација, не значи дека целата населба се дефинира како изоставен дел од градот во кој нема основни услови за живот, истакна Ангелов.

Вода има доволно, од населбата „Три чешми“ и од водоводот, што значи нема проблем со вовдоснабдувањето – кажа Ангелов.