Бочварски: бесплатен паркинг и ослободување од комунални такси во Штип

Општина Штип  и покрај тоа што се соочува со намален прилив на средства, им нуди на граѓаните и компаниите дополнителни финансиски олеснувања. Во мај и јуни паркинг местата ќе бидат бесплатни, а ќе има финаниски олеснувања и за компаниите. Во Штип денес се евидентирани седум излекувани лица од ковид -19, до сега новниот број изнесува 19, а веќе неколку дена нема новозаболени од Штип. Викендов почнува нов циклус на дезинфекција на јавните површини во општината, но за да може јавните претпријатија да ги обавуваат тековните активности, градоначалникот на Штип апелира до граѓаните редовно да ги плаќаат сметките за вода.