Кризниот штаб на Пехчево со нов сет мерки по првиот заболен од ковид 19 во општината

Откако во Пехчево се дијагностицира првиот случај на инфициран од ковид-19, Општинскиот штаб за заштита и спасување објави дополнителни превентивни мерки.

-Општина Пехчево го става на располагање Туристичкиот центар за тестирање на граѓаните во општината;

-Сите лица кои биле во контакт со инфицираното лице да се јават на епидемиологот Сузана Кракашова, за понатамошни инструкции и совети на тел:071/244-472;

-Сите што биле во контакт со инфицираното лице да останат во самоизолација;

–Работата на здравниот дом ќе работи непречено;

-Здравствените лица кои биле во контакт со инфицираното лице се ставени во изолација и да се побара дополнителни тестови за дел од персоналот;

-Да се извршат напори да се направи тест за Ковид-19 на поголем број од населението во Пехчево;

-Да се продолжи со дезинфекција на улиците, маркетите, влезовите на зградите и сите јавни повшини и во наредниот период;

-Да се воздржиме од масовни групирања, собири и прослави;

-Да ја подигнеме свеста, прво за сопственото, па потоа и за  јавното здравје, заштитувајки се себеси, ги заштитуваме луѓето околу нас, следете ги препораките, останете безбедни,  останете дома,е пораката од општинскиот кризен штаб во Пехчево;

-Во маркетите, аптеките, банките, поштите и другите објекти кои даваат услуги на граѓаните, да се запази минимум потребното растојание од два метри. Многу е важно да го почитувате социјалното дистанцирање;

– Да се следат насоките за спречување на ширењето на корона вирусот. Редовно одржувајте лична и општа хигиена;

Инаку, во Пехчево се направени вкупно четири тестирања за Ковид-19, од кој три се негативни, а еден позитивен.