Оштетени ѕидовите на археолошкиот локалитет „Виничко кале“

Вчера во Полициската станица Виница, вработен во музеј „Теракота“ во Виница пријавил дека во периодот од 18.02. до 23.04.2020, од страна на непознат сторител, биле оштетени камења од ѕидови на археолошкиот локалитет „Виничко кале“. Од страна на увидна екипа Виница бил извршен увид на местото на настанот. СВР Штип работи на расчистување на случајот.