Борец експресно испадна во Трета лига – Југ, Велес остана без второлигашки фудбал и сега ќе следи третолигашки на Градскиот стадион!

Велес остана без второлигашки фудбал, Борец експресно се врати во Третата македонска фудбалска лига – Југ, на Градскиот стадион „Зоран Паунов“ во Велес ќе се гледа одново третолигашки фудбал.

Некогаш дел од Прва лига, денес Борец е во Трета лига – Југ и тешко оди да се стабилизира и да се наметне како стабилен второлигаш кој ќе гради тим за враќање и во фудбалската елита на Македонија.

Борец во сезона 2020/2021 заврши на осмото место во Првата лига, но веќе во следната сезона 2021/2022 Борец испадна од елитата откако заврши на претпоследното место со 21 бод на своето конто. Иако се најавуваа тогаш проекти и планови за Борец да оди и во Европа, сепак промени кои се случи во клубот значеше и испаѓање во Втора лига.

Следната сезона беше катастрофална за Борец, откако тимот заврши на дното во Втората лига без ниту една победа, со само две ремија и 28 порази и два бодови на своето конто Борец стана третолигаш. Иако беше најавува за градење на тим со кој Борец ќе се враќа експресно во Прва лига, сепак, велешани останаа и без второлигашки фудбал.

Во сезона 2023/2024 екипата на Борец успеа да стане шампион во Трета лига – Југ, но се намачи многу откако на полусезона Големо Коњари беше есенски шампион, потоа во пролетниот дел Борец стигна до шампионскиот пехар и во баражот го доби Влазереми од Кичево и Борец се врати експресно во Втора лига.

Но, Борец не издржа многу во Втора лига, само една сезона и одново се враќа во Трета лига – Југ. Велешката фудбалска гордост заврши на претпоследното место со 17 бодови на своето конто, беше далеку од конкуретен тим дури и за баражот, па така Борец од следната сезона 2025/2026 одново ќе игра во Трета лига – Југ со надеж дека експресно ќе се врати во Втората лига.

На Градскиот стадон во Велес се враќа третолигашкиот фудбал.

Александар Ванев, М-Нет