
Минатата сезона во Втората женска фудбалска лига се натпреваруваат само осум екипи, со по седум кола во една полусезона за вкупно 14 кола во текот на целата сезона.
Но, веќе од следната сезона бројот на екипи кои ќе се натпреваруваат во второлигашкото друштво во женска конкуренција ќе се зголеми.
Минатата сезона Кочани стана шампион и се врати во Првата лига, а пак Вардар остана во Втората лига откако го загуби баражот од првлигашот Речица.
Од минатата сезона во Втората лига остануваат седум екипи, испаѓање од Прва лига немаше бидејќи Шкендија не ја започна сезоната во Првата лига.
Вардар, Билјанини Извори, Порече, Плачковица, Победа Валандово, Слободен и Борец се седумте екипи од минатата сезона, а дополнително во новата сезона ќе се натпреваруваат Некст Левел од Охрид и Ускана од Кичево, а интерес пројавува и Аеродром.
Тоа би значело дека во новата сезона ќе се натпреваруваат десет екипи, но тука нема да се затвори бројката на екипи за следната сезона, бидејќи според нашите информации уште неколку екипи размислуваат да пријават учество во Втората женска фудбалска лига, а тоа би значело и повеќе натпревари, односно повеќе кола и секако подолга сезона, а со тоа и зголемување на квалитетот и подолг натпреварувачки ритам.
Александар Ванев, М-Нет