
Повратникот во Втората македонска фудбалска лига екипата на Борец од Велес промовираше две нови засилувања. Станува збор за Давид Блажевски и Кристијан Јордановски.
21-годишниот Блажевски во Борец доаѓа од третолигашот Кадино, а во велешкиот второлигаш ќе ја зголеми конкуренцијата во средниот ред, а во својата кариера има настапувано и за Раштак, Њу Старс и Смиљковци, а активно игра футсал за екипи од Првата футсал лига.
Јордановски е 25-годишен одбранбен играч кој во Борец доаѓа од струмичка Беласица, а во својата кариера има настапувано и за екипите на Каменица Саса, Слога од Виница, Тетекс, радовишка Плачковица, Кит Го од Пехчево, Брегалница, како и младински категории на Вардар и Македонија ЃП.
Струмичкиот второлигаш Беласица за новата сезона се засили со Зак Кочанковски, играч од одбраната кој игра на централната стоперска позиција, а е роден 2003 година.
Кочанковски во Беласица доаѓа од австралискиот фудбал каде беше дел од екипата на Џилонг, а претходно настапуваше за Вестер Јунајтед, а минатата година во првиот дел од сезоната беше дел од македонската прва лига во тимот на Брегалница.
Новата сезона од Втората лига ќе започне на 17. август, а за 5. август е закажана ждрепката за новата сезона со што ќе биде познат целиот распоред.
Александар Ванев, М-Нет