
Меѓународниот турнир во борење за млади „Трофеј Победник 2021“ што се одржа во Белград е веќе зад нас, но пред нас се некои нови херои кои направија вистинска „жетва“ на медали. Младите борачи на Олимпија од Штип иако без домашна преоверка поради забрана за настап, овде во Белград го искажаа сиот свој раскошен талент и желба за успех освојувајќи дури 11 медали, и тоа 7 златни, две сребрени и две бронзени медали. Златни медали во своите возрасни категории освоија : Дарко Коцев, Леон Стојанов, Александар Миланов, Стефан Зашков, Никола Трајчев, Андреа Нисева и Мелани Митевска.
Сребрени медали освоија: Бојана Ковачовска и Вирџил Османов додека пак со „бронза“се закитија Кирил Сичков и Кире Малцев. На овој респектабилен турнир настапија преку 1000 борачи од балканските земји, беа прикажани квалитетни борби а нашите борачи беа предводени од тренерите Гордан Николов и Кире Нисев.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk