Пораст во бројот на слободни ковид кревети во Кочани и Штип

По викендот Инфективното одделение при Клиничка болница Штип не бележи зголемување на бројот на ковид пациенти, покажува последниот извештај од болницата. Во последните 24 часа новопримене е само еден пациент, испишани нема. Со ова бројот на хоспитализирани е 35 сите на Инфективното одделение и двајца пациенти на дневна амбуланта. Кожното одделение е празно, односно нема ковид пациенти. Од хоспитализираните 25 имаат потреба од кислородна поддршка и се приклучени на апарати за дишење, а вакцинирани се 10 пациенти. Во последното деноноќие битката со корона висрусот ја изгубило едно лице на 77 годишна возраст од Берово во штипската болница. Бројот на слободни кревети е 27 на Инфективното одделение и 10 на Кожното, информираше портпаролот на Клиничка болница Штип, Марина Шуманска.

Во кочанската болница на болничко лекување се осум ковид пациенти, од кои три се вакцинирани, а две се на кислородна поддршка. Идентично како и во штипската болница во последните 24 часа новопримен е еден пациент, испишан нема ниту еден. Слободни се 19 ковид кревети на Интерното одделение кое работи како Ковид оддел, информираат од болницата.

Во Општините од Истокот бројот на активни ковид случаи се спушти под 700, односно активни се 630 ковид случаи. Најмногу во Штип 236, во Коачни 122 и во Делчево 111. Во останатите оптшини од Истокот бројката е двоцифрена освен во Пехчево каде има активни девет ковид слуачи.

Според информации од Министерството за здравство, заклучно со вчера во земјата се направени вкупно 1.484.645 тестирањана КОВИД-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 217.301, бројот на оздравени пациенти е 203.574, на починати е 7.641, а бројот на активни случаи изнесува 6.086.

Лаура Стојанова М-Нет