Борачите на Олимпија од Штип ќе настапат на Меѓународниот турнир „Победник“ во Србија

Главниот град на Република Србија, Белград ќе биде домакин а Боречкиот клуб Победник ќе биде технички организатор на Меѓународниот турнир „Победник – 2021“ за борачи во конкуренција на Пионери, Кадети и Јуниори во машка и во женска конкуренција во слободен стил. На турнирот се поканети и за Белград веќе отпатуваа борачите на БК „Олимпија“ од Штип кои традиционално одржуваат одлични спортски врски со овој клуб. Под раководство на тренерите Кире Нисев и Гордан Николов на овој меѓународен турнир во својата возрасна конкуренција и категорија ќе настапат следните борачи:

Дарко Коцев, Александар Миланов, Леон Стојанов, Вирџил Османов, Кирил Сичков, Стефан Зашков, Никола Трајчев, Кире Малчев, Анастасија Трајчева, Андреа Нисева, Мелани Митева и Бојана Ковачовска. Ова ќе биде одлична можност младите борачи на Олимпија да го искажат сиот свој раскошен талент на меѓународен план, бидејќи овде во Македонија сеуште се ограничени со право за настап на официјалните турнири и првенства.

Денеска во Белград ќе се изврши задолжителното мерење на сите борачи a официјалните борби ќе се одвиваат во текот на утрешниот ден.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk