
Боксерскиот клуб Пинк Пантер од Штип овој викенд од 6 до 9 февруари ќе учествува на Меѓународниот турнир на Олимписки надежи кои ќе се одржи во Суботица, Србија. Со настапот на овој силен Меѓународен турнир штипскиот боксерскиот клуб Пинк Пантер ќе ја стартува новата натпреварувачка 2026 година.
„Пантерите“ ќе учествуваат со осум боксери, Езел Шабан, Али Расимов, Мухамед Мемедов, Марко Чурлиновски, Кристијан Штрков, Лазар Димитров, Иса Бајрам и Зулфиќар Бајрам.
Тренерот Петре Чурлиновски за М Нет телевизија вели дека по завршените подготовки за овој силен турнир каде ќе настапат околу 12 држави, очекува младите и надежни боксери добро да се претстават, каде секоја победа ќе биде голем успех за овој силен Меѓународен турнир.
Александар Ванев, М-Нет