Арсими е во најдобра форма на патот кон Прва лига, Брегалница со нов „кикс“, важна победа за Борец, голем бод за Новаци!

Екипата на Арсими влезе во победничка форма со пет победи на последните пет натпревари всушност тимот од Чегране ја има најдобрата форма на патот кон директен влез во Прва лига, откако Арсими со 3:1 го доби Осогово на домашен терен.

Ваквата победа добива на тежина бидејќи Арсими го искористи ремито на Брегалница во Штип со Детонит Плачковица од 1:1, но ремито на Башкими (0:0) со Новаци. Но, ваквиот резултат му одговара и лидерот Македонија ЃП кој сега е осамен на врвот.

Четири екипи во директна израмнета борба за Прва лига, првите две места директно водат кон Прва лига, третото во баражот, а една екипа ќе мора да извиси. Македонија ЃП е прва со 52 бодови, Башкими е втор со 50 бодови, Арсими се пробива на третото место или бараж зоната со 48 бодови, а толку има и Брегалница, која одново ги комплицира работите кога е во прашање влезот во Прва лига.

Во средината на табелата една победа може да направи многу разлика. Охрид е на 5. место со 35 бодови, а на делба на шестото место се Скопје и Беласица со по 34 бодови, Детонит Плачковица сега е на осмото место со 33 бодови, Каменица Саса се спушта дури до деветото место со 32 бодови, откако тимот влезе во резултатска криза со само еден освоен бод на последните пет меча, а Кожуф е на десетото место со 31 бод.

Во рамки на оваа рунда екипата на Беласица со 4:1 го декласираше Вардарски, Борец забележа голема победа над Кожуф од 2:1, важно од аспект што останува во трка за баражот. Македонија ЃП со минимални 1:0 го доби Скопје, Охрид со 2:1 на домашен терен ја доби Саса, додека пак екипата на Победа дома загуби од Вардар Неготино со 0:1.

Новаци изби на 11-тото место со 24 бодови, а толку има и Вардар Неготино кој е место подолу, а пак Победа сега е на 13-тото место со 23 бодови. Во бараж зоната и натаму останува Осогово со 17 бодови, Борец е во зоната за директно испаѓање како претпоследен со 13 бодови, додека пак Вардарски е закован на дното со осум бодови.

Од Втората лига директно испаѓаат последните две екипи, а пак екипата која ќе заврши на 14. место ќе игра бараж за можен опстанок во Втора лига за следната сезона.

Александар Ванев, М-Нет