Богата и достоинствена три дневна програма подготви Кочани за одбележување на една година од пожарот во Пулс

Со заедничка и достоинствена програма ќе се одбележи годишнината од трагичниот настан во дискотеката Пулс во Кочани, во која на 16 Март минатата година животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени. Настани ќе има три дена од 14 до 16 март 2026 година со што ќе се оддаде почит на загинатите, ќе се изрази поддршка кон повредените но и ќе се искаже искрена благодарност кон сите оние кои несебично помагаа изминатиот период. На самите настани се поканети и сите здравствени институции кои помогнаа во лекувањето на повредените и на кои ќе им бидат доделени статуетки на благодарност.

„Програмските активности се распоредени во три дена, 14, 15 и 16 март. На 14 март ќе се одржат православни содржини посветени на упокоените во несреќата, молитвено сеќавање во нивна чест. На 15 март настанот го насловивме „Кочани ви благодари“. Овој ден ќе биде посветен на повредените и благодарност кон сите институции. 16 март 2026 – содржините на тој ден ќе бидат посветени на достоинствено оддавање почит на починатите во трагедијата во Пулс“ – вели Грозданов.

Настаните по повод една година од трагичниот настан во дискотеката Пулс, се реализираат со помош на Локалната самоуправа, советниците, Црвен Крст, Членови на Здружението „16 Март“, црковниот храм Свети великомаченик Георги, Општата болница Кочани, како и Дом на култура Бели Мугри Кочани.

Лаура Стојанова-Ќирчов, М-Нет