
Продавачите кои прдоаваат крофни, пуканки, цедени сокови, на било каков тип на манифестација се должни пред отпочнување на дејноста да поднесат Барање за паушално плаќање на данокот на личен доход од УЈП. На транспарентен начин УЈП Штип ги информира даночните обврзници да знаат да ги разберат даночните обврски и правилно да ги применат.
„Во летниот период знаеме дека се случуваат многу настани, манифестации, концерти, а и сведоци сме дека на истите настани среќаваме продавачи на пуканки, крофни, сладоледи, кафиња и цедени сокови. Ние сме должни како УЈП да ги исформираме сите лица кои се занимаваат со дејност од повремен карактер дека имаат обврска до УЈП каде што се одвива дејноста да достават Барање за паушално плаќање на данокот на личен доход.“ – изјави Данкова
Секој граѓанин пред започнување на работа од временски карактер е должен Барањето да го достави во УЈП, каде барањето ќе биде обработено и ќе се утврди данок во одделението за утврдување на данок, каде ќе добие и Решение од времен карактер. На лесен и едноставен начин се потполнува барањето со наведување на матичниот број, адреса на живеење и штиклирање за работа од временски карактер.
„Доколку лицето обавува во текот на годината повеќе и во различни периоди вакви дејности, треба за секој период да достави одделни барања. По доставувањето на барањето и добивање на решението даночниот обрвзник има обврска и да го плати утвредниот данок.“ – додава Данкова
Посочиа дека данокот е од 70 до 100 денари со што секој законски постапува и ја обавува дејноста која ја замислил. УЈП при посета на ваквите продавачи доколку немаат поднесено барање изготвува службени белешки и ги доставува до трудовата инспекција.
Лаура Стојанова, М-Нет