
Паркирани возила на тротоари, коловози, улици се се почеста слика во ценгралното градско подрачје во Штип. Пешаци кои се движат по улиците оти местото за пешаци е зафатено и безбедноста ставена под знак прашалник за сите учесници во сообраќајот. Директорот на ЈП Стипион, Панче Стефановски е согласен дека ваквата слика на терен во Штип е честа и е заради несовесните вочаи. Токму затоа во претходниот период во соработка со полицијата блокатори на возила се поставуваа и за непрописно паркирање.
„Се почесто сме сведоци на неодговорен однос и непрописно паркирање од страна на возачите. Освен на јавните површини за паркинг, се паркира на тротоарите и на површините наменети за пешаците со што се оневозможува нормално движење. Вакви случаи ЈП Стипион има за обврска да излезе на увид, да ги блокира тие возила кои се непрописно паркирани и со асистеницја на полицијата која ги санкционира возачите кои непрописно се паркирани.“ – вели Стефановски.
Ваквите акции ќе продолжат и во наредниот период дециден е Стефановски. Вели на ваков начин ќе се обидат да воспостават делумно ред во центарот на Штип.
Реакции од граѓани за непрописно паркирани возила пристигнуваат секојдневно, а со казни е полн и билтенот на СВР Штип. Со заедничка координација тенденција е возачите да се однесуваат поодоворно во сообраќајот и да не паркираат на места кои не се за таа намена.
Лаура Стојанова М-Нет