
Врнежите од дожд во изминатите неколку денови минимално го зголемија нивото на акумулациите од хидросистемот „Брегалница“ и состојбата и понатаму се цени како сериозна.
Засега не е извесно дали последните врнежи ќе ја ублажат алармантната состојба која наметнува измени во планот за наводнување во претстојната сезона. Во последните три дена во хидросистемот „Брегалница“ се акумулирани дополнителни околу два милиони метри кубни вода. Денешните мерења покажуваат дека дотекот на вода во акумулацијата Калиманци изнесува 11 кубни метри во секунда. Во моментот браната е на кота 491,96 метри, односно има околу 30 милиони кубни метри, што е далеку од максималниот капацитет од 120 милиони, истакна Димче Димков, изјавуваат од управата на водостопанство „Брегалница“.
Нешто подобра е состојбата со браната Гратче каде дотекува околу половина кубен метар вода во секунда и таа е на прелив од четири сантиметри, а дополнително се испуштаат уште околу 400 литри во секунда.
Надлежните информираат дека од нивото на акумулирана вода што ќе се постигне до средината на април ќе зависат и евентуалните промени во планот за наводнување на полињата со ориз во Кочанско, за што земјоделците ќе бидат навремено известени.