
Петар Чурлиновски со младата екипа на боксерскиот клуб Пинк Пантер бележи големи резултати во младинската лига, но вели дека по неговото доаѓање во клубот немало доволно боксери, но со системска работа е зголемен бројот на боксери.
„На покана на нив ми понуди и прифатив, уште минатата година им кажав фактичната сутиација кога дојдов, видов дека немаат боксери, немаат деца, нема млади со кои можам да почнам. Им реков дека ќе се потрудам и во тој дел да ја зголемиме бројката на членовите од кои ќе произлезат боксери, бидејќи кога ќе има членови, веќе во друг дел да се појавиш, со тренерската работа со стручноста за да од тие млади деца направиш боксери, кои ќе бидат рамноправни противици на останатите кои имаат искуство“, вели Чурлиновски.
Пинк Пантер започна со многу млада генерација, но со правилна работа овие млади боксери се носат со предизвиците.
„Пинк Пантер започна со многу млада генерација на почетокот од оваа година која веќе заминува зедоа учество во македонската лига, така да некаде со завршувањето на минатиот викенд го потврдивме третото место и со тоа во младинска конкуренција Пинк Пантер е трети“, додава екс селекторот.
Клубот покрај учеството на домашни натпреварувања, се натпреварува и на меѓународни натпреварувања, каде исто така има големи резултати.
„Покрај учеството во македонската лига Пинк Пантер како клуб настапуваше и на Балкан Опен, тоа е лига во која учествуваат екипи од Србија, Романија, Албанија и ние како Македонија. Од Македонија има три клуба, од Битола, Охрид и ние Пинк Пантер од Штип. Ние како клуб бидејќи посебно се бодува го стигнавме четвртото место“, рече тренерот Чурлиновски.
Интересот за боксот во Штип пополека се зголемува, а БК Пинк Пантер со одлична работа го зголемува бројот на боксери кои со добра работа бележат големи резултати.
Александар Ванев, М-Нет