
За сите видови свадби, веселби и свечености потребно е идеја, желба и реализација за совршен изглед. И мажите треба и знаат да изгледаат модерно и префинето, речиси совршено. За таа цел продавницата БК Мода на располагање им ги остава своите уникатни парчиња облека. Кошули, сакоа, панталони декорирани со уникатен каиш и вратоврска за изглед од соништата. Постојано со нова колекција парчиња, од турско потекло, со одличен квалитет. Спортско елегантниот изглед и високиот квалитет на артиклите се гаранција за успешно работење. Штипјани имаат привилегија, бидејќи овој бутик за машка облека е со локација само во Штип. Продавницата се наоѓа на улица „Ванчо Прќе“ и може да се посети од понеделник до сабота. Продавницата за машка облека на пазарот е веќе 11 години и располага со различни видови парчиња облека, во чекор со најновите светски трендови. Претходно со други локации, но со единствена цел – на мажите да им се понуди најдоброто.