
Денес матурантите од СОУ„Јане Сандански“ и СОУ„Коле Нехтенин“ од Штип ги полагаа општо образовните предмети. Биологија, хемија, историја беа изборот на ученици кои денес полагаа во своите училишта. Денешното полагање траеше 150 минути, а учениците како и претходно на екстерните предмети македонски јазик и англиски полагаа во ходници и холови, а средното медициско училиште ја искористи и спортската сала за да ги смести учениците. Учениците во медицинското училиште утре ќе го полагаат вториот интерен предмет во времетраење од 120 минути.
„Денес и утре и во четврток се полага остатокот од државната матура, а тоа се интерните предмети. Денес учениците полагаат општо образовни предмети, биологија, хемија и историја. Утре полагаат пакети од стручните предмети, а во четврток двајца ученици кои полагаат третиот изборен предмет физика. Имаме 207 ученици кои очекуваме дека овие два дена ќе поминат на полагањата и ќе полопжат. Полагањето се оидвива како и екстерните предмети од ДИЦ, сите ученици се присутни. Денес полагањето трае 150 минути, а утре 120 минути.“ – вели Николиќ
110 кандидати од СОУ „Коле Нехтенин“ денес полагаа општо образовен предмет историја, еден кандидат физика и еден бизнис. Полагањето во училиштето се одвиваше без никаков проблем посочи директорката Шаклева.
„Денеска се полага интерниот дел од ошто образовниот испит се полагаа предметите историја со 110 кандидати, физика 1 и бизнис еден кандидат. Следниот чекор од полагање е на 25 и на тој ден се полагаат стручните предмети.“ – додава Шалева
Инаку следниот чекор на полагање на учениците од СОУ „Коле Нехтенин“ ќе биде на 25 јуни кога учениците ќе полагаат стучни предмети.
Лаура Стојанова, М-Нет