
Штипскиот пазар преплавен од купувачи и овој петок. Овој врнежлив петочки пазарен ден најбарани беа морковот, тиквата, спанаќот и марулата. Дождот не ги сопре купувачите да го прошетаат целиот пазар и на крај да купат од најповолната а сепак најквалитетна роба. Дел од купувачите беа јасни, цените не се скапи, само ние сме навикнати да се жалиме. Дури анкетираните забележале поевтини цени од минатиот петок.
„Зелкичка, маруличка, лукче, кромидче, гравче, оризче. Цените се како секој петок исти, можеби нешто со 10 денари, со 5 денари ќе најдеш поевтино. Добар е квалитетот, но скапо.“
„Домати треба да земам, но гледам многу слаб квалитет. Минатиот пат како да имаше повеќе избор. Овие сите што велат дека немаат пари имаат по 3 стана, ги знам.“
„Еpа тоа е сега, под фолија, инаку и јас имам ама немаше дожд, сега малку ќе се освежи.
„На мене ми е скапо, а за другите не знам. Краставиците сега се скапи, минатиот петок беа поевтини. Па беа 60, сега се дури 100.
Земјоделците потенцираат дека и покрај поскапувањето на нафтата, цената на овошјето и зеленчукот останува иста, дури ако не се и поевтини.
„Цените се дури малку поевтини од минатиот пазар, што значииако горивото се качи, цените се малку намалени. Најмнгу ни се трошам морковот, тиквата, спанаќот и марулата.“
Додека едни се жалат, а други се согласуваат со цените, штипскиот пазар и овој петок не разочара. И покрај дождот квалитетот на намирниците резултираше со гужва и посетеност дури и од околните општини.
Иван Митев, М-Нет