
Второлигашот Беса од Добри Дол го престави Агон Елмази како прво засилување за пролетната полусезона.
Елмази во Беса доаѓа од редовите на Тетекс, а во својата кариера 21-годишниот гостиварчанец има настапувано за Гостивар и младинските категории на Шкендија, а имаше меѓународна авантура во Словачка.
Беса по ангажирањето на Александар Таневски на тренерската клупа излезе од резултатската криза, со што есенската полусезона ја заврши на седмата позиција со 21 освоен бод, па во пролетниот дел многу полесно ќе го обезбеди директниот опстанок.