Македонската атлетика доби нов национален рекорд во скок во далечина во младинска конкуренција

ФОТО: Атлетска федерација на Македонија

Македонската атлетика доби нов национален рекорд во скок во далечина во младинска конкуренција, откако на Националното првенство за младинци до 20 години, кое се одржа на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, Брајан Авиа од атлеткиот клуб 7ми Мај постави нов младински национален рекорд во скок во далечина со резултат од 7.11 метри.

Овој резултат го сруши рекордот по 16 години, бидејќи досегашниот младински национален рекорд беше 7.05 метри, а беше поставен во 2010 година од страна на Славчо Мирчевски.

Покрај поставениот нов национален рекорд во младинска конкуренција во македонскиот атлетика во скок во далечина, новиот рекорден Брајан Авиа имаше одличен настап и во дисциплината трискок каде го освои првото место со резултат од 13.74 метри.

Александар Ванев, М-Нет