
Без канализација и без чиста вода за пиење во 21 век оставени жителите од селото Чифлик од Општината Чешиново-Облешево. Велат дека водата е нечиста, жолта и смрдлива, па како што истакнаа за М-Нет телевизија стравуваат за сопственото здравје. Ја превриваат, колку да можат да ги извршат основните потреби, а за пиење донасаат дури од соседните села, кое претставува дополнителен удар врз нивниот џеб. Со силни реакции бараат решение, со цел и тие да имаат нормален живот.
“Вода имаме, но е е исправна, пумпата цело село пуне, но не е испрвна таа е жолта. Канализација исто немаме, а по куќите што да ви кажам жолтеат по тенџериња по тоа. Превриваме ја, онака не можеш да ја пиеш.“; истакнаа житрелите
“Вода не пиеме, одам од Крупиште донесувам за пиење. Тука само за очи да се измиете и да се истушираме, но и таа не е убава. Жолта е, еден час ако стои во кофа е веќе жолта. Toa e штетно очи да се миете, а не да пиете.“, додаваат жителите
Дополнителен проблем врз целата незгодна ситуација е тоа што немаат ниту канализација, па како што велат прават така наречени јами, кои можат да бидат причини за многу заразни болеси.
“Канализација немаме, те ја јамата, а канализацијата е направена пред седум години. Сега требало прочистителна станица, а тоа не се праве, сега со оваа влада, што планираат не знам,
“Па те ископани се шахтите, а немаме вода.“, велат жителите
Во согласност со ситуацијата, М-Нет телевизија се обиде да го контактира градоначлникот на Општината Чешиново Облешево, но за жал тој не одговори на нашите повици, ниту на нашите смс пораки.
Лаура Стојанова, М-Нет