
На денешен ден, пред 80 години македонскиот јазик е прогласен за службен јазик. Создавањето на македонската држава, АСНОМ особено го истакнала и постоењето на македонскиот јазик, како клучен елемент за постоењето на македонската нација. Професорот по македонски јазик Верица Милородова, за М-Нет телевизија истакна дека македонскиот јазик треба да се спроведува како службен, но и да се употребува правилно во комуникацијата.
“Крсте Петков Мисирков уште во 1903 година се постави во темелите на македонскиот јазик давајќи ги основните постулати за неговото стандардизирање во книгата за македонските работи. Сепак разработката на македонскиот литературен јазик ја официјализираа македонско ослободителната војна и првото заседание на АСНОМ. Тогаш македонскиот јазик беше прогласен како службен на 2 август 1944 година во манастирот Св. Прохор Пчински. Tреба да продолжиме да го спроведуваме како службен, но и да го употребуваме правилно во комуникација.“, истакна Милорадова
Она што е рак рана на општеството според Милорадова е користењето на англицизми во макдонскиот речник, како лајк, шер, пост.
“Општо позната рак рана на општеството е дека младите се повеќе го пополнуваат македонскиот речник со англицизми. Зборовите од типот на лајкне, шерне, постира навлегуваат во речникот на младите со технологијата.“, додава Милордаова
Во времето на првиот Илинден македонскиот јазик се постави врз современите јазични теории за литературните јазици, а меѓу првите ги применува Крсте Мисирков. Само четири децении подоцна, највисокото законодавно тело, АСНОМ, едногласно го озакони македонскиот јазик како службен во македонската држава. А меѓу делегатите највозрасните беа соврсници на Мисирков, а најмладите беа од генерациите на Блаже Конески и Ацо Шопов.
Лаура Стојанова, М-Нет