
Третолигашот БВК Коњаре за новата сезона од Третата македонска фудбалска лига – Север промовираше неколку нови засилувања, со кои овој тим ќе се вмеша во трката за првото место кое води кон баражот за Втората лига.
Нови засилувања во тимот на БВК Коњаре се повратниците Шаип Хисмани, Фати Јусуфи и Хакан Умер, а пак третолигашот ја продолжи соработката со Газменд Али, Ендрит Мехмети и Гзим Ксима.
Пред две сезони БВК Коњаре до последно се бореше со Башкими за првото место, а потоа Башкими стана второлигаш, додека пак изминатата сезона БВК Коњаре заврши на 5. место на табелата и беше конкурентен тим.
Трета лига – Север е најголем третолигашки регион со најмногу екипи каде има повеќе екипи со отворени амбиции за Втора лига.
Александар Ванев, М-Нет