
Фудбалскиот клуб ФК Башкими 1947 продолжува со унапредување на професионалните стандарди и официјално информираше дека Тони Богдановски е нов член на стручниот штаб, каде ќе ја извршува улогата на кондициски тренер
Богдановски зад себе има богато и докажано искуство во физичката подготовка на фудбалери, работејќи со реномирани екипи од домашното првенство, меѓу кои ФК Вардар и ФК Металург Скопје, како и со други клубови од македонската фудбалска сцена. Неговиот ангажман е насочен кон директно подобрување на физичката подготвеност, зголемување на перформансите и превенција од повреди.
Познат по својот модерен и професионален пристап, Богдановски работи со фокус на сила, брзина, издржливост, балансирани тренинг-оптоварувања и оптимално закрепнување – сегменти кои се клучни за современиот професионален фудбал. Со поседување меѓународни лиценци и сертификати, тој носи современ профил и експертиза што се очекува да имаат значајно влијание врз конкурентноста на тимот.
Од клубот истакнуваат дека ангажманот на Тони Богдановски претставува важен чекор кон остварување на спортските цели и дополнително зацврстување на професионалната структура на Башкими 1947.
Со ова засилување во стручниот штаб, кумановскиот клуб испраќа јасна порака дека сериозно инвестира во квалитетна подготовка и долгорочен развој.