
Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на бараж натпревари за влез од Трета во Втората македонска фудбалска лига.
Трите бараж натпревари ќе се одиграат во сабота со почеток од 17 часот, а веќе се познати и судиите кои ќе ја делат правдата.
Фатмир Бафто од Охрид ќе го доби најтешкиот натпревар, дербито меѓу второлигашот Осогово и Шкендија Арачиново, која е шампион во Трета лига – Север. Овој натпревар ќе се одигра на Градскиот стадион во Кавадарци.
Бараж натпреварот кој се игра на стадионот во Ѓорче меѓу Големо Коњари како шампион на Трета лига – Југ и Тетекс како шампион на Трета лига – Запад ќе го суди Доне Ристовски од Гевгелија, додека пак натпреварот кој ќе се игра на теренот на ФФМ во Скопје меѓу шампионот на Трета лига – Исток екипата на Слога Виница и шампионот на Трета лига – Југозапад, екипата на Преспа ќе го суди Влатко Илиоски од Прилеп.
Александар Ванев, М-Нет