
Бараж натпреварот за Првата македонска фудбалска лига меѓу прволигашот Беса и второлигашот Башкими ќе се игра на Градскиот стадион во Кавадарци, а истиот е закажан за недела (25 мај) од 17 часот.
Беса која игра дебитантска сезона во Првата лига ќе бара опстанок во елитата преку баражот, додека пак Башкими како второлигаш ќе бара влез во Првата македонска фудбалска лига и враќање во елитата.
Со овој натпревар ќе се затвори актуелната сезона 2024/2025 година, а со тоа ќе бидат познати и сите екипи кои ќе бидат дел од Прва македонска фудбалска лига за следната сезона 2025/2026.
Дополнително ќе бидат делегирани судиите кои ќе ја делат правдата во баражот како и официјалните лица за баражот за Прва лига.
Александар Ванев, М-Нет