
Сите македонски медиуми и голем дел од балканските медиуми меѓу кои и најтиражниот српски дневен весник „Блиц“ ја пренесуваат веста за големиот инцидент што се случи вчера во Штип.
Страшен инцидент се случи вчера надвор од трибините на Градскиот стадион во Штип, за време на натпреварот помеѓу „Тиквеш“ и „Брегалница“, но поради ковид пандемијата се одржа без публика. За жал, тоа не ги спречи навивачките групи „Фаланга“ и „Лозари“ своите сили да си ги пресметаат надвор од стадионот. На главната улица кај Градскиот стадион во Штип, со блокирање на сообраќајот и употреба на пиротехнички реквизити, предизвикаа немир и вознемиреност.

