Украдени пари од манастирот „Св. Тројца“ во нас. Баби, Штип

На 15.02.2021 во 16.38 часот во СВР Штип, Д.С.(41) од Штип  пријавил дека на 14/15.02.2021 непознат сторител со употреба на физичка сила и погоден предмет влегол во манастирот „Св.Тројца“ во населбата ,,Баби“ во Штип и одзел пари. Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Штип. Се работи на расчистување на случајот.