
Асфалтирани неколку краци и улици во штипска Чардаклија. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов истакна дека парите од граѓаните се враќаат назад кај граѓаните и се инвестира во инфраструктурата.
„Започнуваме со асфалтирање на неколку улици и краци во населба Чардаклија. Станува збор за асфалтна маса на површина од илјада метри квадратни, над еден милион пари од граѓаните од Општина Штип. Со ова се надевам дека ќе се подобри инфраструктурата во оваа населба. Се надевам исто така дека од година во година сите улици кои имаат потреба да бидат реконструирани и реконструирани ќе бидат завршени, дека најголем дел од средствата кои ги собираме по основ од даноци од граѓаните ќе ги враќаме назад кон граѓаните во капитални проекти, во патна инфраструктура и со тоа да ги подобриме условите во кои живеат нашите сограѓани“ – кажа Јорданов.

Во оваа прилика Јорданов истакна дека се рршаваат и други проблеми со кои се соочуваат граѓаните, но не може се одеднаш. Тој е оптимист дека до крајот на мандатот се што е потребно ќе биде рализирано.
До година се очекува игралиштето во населба Чардаклија да добие тартан подлога, а се работи и на обнова на училишната зграда.
Лаура Стојанова М-Нет