
Утре ќе биде комплетирано 10. коло на плеј-офот на женската ракометана Суперлига, откако истото беше отворено синоќа со мечот меѓу Чаир и Вардар.
Астибо на домашен терен во салата „Тошо Арсов“ во Штип против Куманово ќе ја бара првата победа во плеј-офот, а пак Куманово иако во претходното коло загуби од шампионот сепак одигра одличен меч и во Штип доаѓа по трето славје во плеј оф сегментот. Натпреварот кој се игра утре, сабота започнува во 12 часот.
Дербито на колото се игра утре меѓу шампионот Ѓорче Петров, кој е лидер и второпласираниот Металург Автокоманда. Дербито ќе започне во 18 часот, а „лавиците“ атакуваат за десет од десет и максимален ефект, додека пак тимот од Автоманда со победа ќе се зацврсти на втрото место и ќе се доближи до лидерот.
Во рамки на плеј-аутот на Суперлигата денес Стружанка игра со Ѓорче Петров 2, а пак Овче Поле го пречекува Спартак. Четвртото коло на плеј-аутот се комплетира утре со мечот меѓу Пелистер и Деспина, а слободна ќе биде екипата на Шампион.
Александар Ванев, М-Нет