Лидерот Кочани гостува кај Плачковица во Радовиш, Порече против Победа Валандово, Билјанини Извори како голем фаворит гостува во Велес

ФОТО: Александар Ванев, М-Нет телевизија

Утре ќе се комплетира 10. коло на Втората женска фудбалска лига со трите одложени натпревари поради трагедијата која се случи во Кочани.

Од оваа рунда беше одигран само еден меч на 15 март, фаворитот Вардар со убедливи 0:8 го декласираше дебитантот Слободен.

Плачковица во Радовиш ќе го пречека лидерот Кочани, тим кој ќе биде апсолутен фаворит за триумф и три бодови на патот кон враќање на Кочани во Првата женска фудбалска лига. Разликата во квалитет е огромна и сигурно е дека трите бодови заминуваат на контото на Кочани.

Екипата на Билјанини Извори од Охрид како апсолутен фаворит ќе гостува кај Борец во Велес, каде и на овој меч поради големата разлика во квалитетот, тимот од Охрид лесно треба да триумфира и да собере нови три бодови на своето конто.

Порече на домашен терен ќе игра против Победа Валандово, каде и на овој натпревар домаќин ќе ја има улогата на фаворит за три бодови.

Првопласираната екипа обезбедува директен влез во Првата женска фудбалска лига, а пак второпласираната екипа игра бараж за влез во елитата со екипата од Првата лига која ќе заврши на деветтото место.

Александар Ванев, М-Нет