Башкими изби на второто место по триумфот над Арсими, Осогово никако да победи, Вардарски прв кандидат за испаѓање!

18-тото коло на Втората лига донесе промени на табелата и ја „разгоре“ борбата за местата кои директно водат кон Првата лига. Башкими го доби дербито со Арсими за Прва лига и изби на второто место откако тимот од Куманово со 2:1 беше подобар од гостинот од Чегране.

Башкими оваа коло доби и најмногу бидејќи Македонија ЃП загуби преку пресврт од Победа со 2:1 во Прилеп, а пак Брегалница беше декласирана во Турново со 4:0 од Каменица Саса, „сините“ беа во целост надиграни на теренот и не можеа да го запрат налетот на „рударите“ кои беа подобри и повеќе мотивирани за победа.

Овие резултати направија промени во врвот од табелата. Лидеро останува Македонија ЃП со 41 бод но со тие два порази во низа остана на само два бода предност во однос на Башкими кои сега е на второто место со 39 бодови, а пак Брегалница се спушта на третото место со 37 бодови и ќе има тешка борба за директен влез пред штипјани. Екипата на Арсими е на 4. место со 33 бодови, а пак Саса останува на петтото место но со 31 бод на своето конто и ќе конкурира сега и за баражот.

Големиот пораз на Брегалница во Турново донесе тренерска промена откако Трајче Сенев беше променет, на следниот меч веќе утре против Вардарски во Штип екипата ќе ја води помошникот Ристе Наумов.

„Фенерџијата“ Вардарски веќе останува без шанси за директен опстанок, останува опцијата за можен бараж, но како тргна во пролетниот дел сигурно е дека овој тим ќе го нема тој капацитет и ќе испадне директно, откако беше декласиран од Детонит Плачковица со 1:4 во Богданци.

Осогово никако да победи, ново реми и само бод, откако во Кочани „жетварите“ одиграа само 0:0 против Кожуф. Охрид преку пресврт со 2:1 ја доби Беласица, а пак Новаци и Борец одиграа 1:1. Велешани први го отворија резултатот, а потоа Новаци кои доби два пенали едниот го реализираше, но другиот не, па екипите ги поделија бодовите.

Веќе утре се играат натпреварите од вонредното 19. коло на Втората лига. Во Радовиш екипата на Детонит Плачковица ќе се соочи со Осогово, Вардар Неготино ќе гостува кај Охрид, лидерот Македонија ЃП против Новаци каде нема право на грешка, Кожуф ќе биде домаќин на Скопје.

Брегалница на домашен терен ќе бара рехабилитација против најслабиот тим во лигата, Вардарски од Богданци, Борец ќе игра дома против Каменица Саса. Екипата на Башкими ќе гостува во Струмица кај Беласица, а пак Арсими ќе игра со прилепска Победа на домашен терен.

Александар Ванев, М-Нет